Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез и Бен Афлек купија палата од 64 милиони долари

Џенифер Лопез и Бен Афлек купија палата од 64 милиони долари

Се чини дека исцрпната потрага по дом од соништата за моќната двојка, конечно, заврши, бидејќи Џенифер и Бен наводно купиле раскошна хациенда во Пацифички Палисади.

dobivaj vesti na viber

Двајцата во саботата беа фотографирани додека се среќаваат со тим изведувачи во нивната нова куќа во елитната калифорниска населба, која наводно ја купиле за неверојатни 64 милиони долари.

Лопез (53) во оваа пригода без вообичаениот гламур, во широки сини карго-панталони и бел џемпер. Афлек (50) исто така во лежерно издание, во портокалова јакна, црн пуловер и црни фармерки.

Новиот дом е речиси двојно поскап од првиот имот што планираа да го купат, но има повеќе удобности, вклучувајќи осум спални соби и 11 бањи.

Куќата вклучува сала за вежбање, професионална медиумска сала, соба за игри, лифт и огромен двор со базен.

Можете да прочитате

Симпсонови пак пред времето: Ја предвидеа цензурата на голиот Давид од Микеланџело

Среќни ли сте на вашето работно место? И тоа се мери

(Видео) „Џон Вик: Поглавје 4“ доби најдобри рецензии во серијалот