Утрински Весник
Свет

Џенифер Анистон и аферата со Барак Обама: Едвај го познава, овие гласини се луди

Obama1737733976 0.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Холивудската актерка Џенифер Анистон реши да стави крај на гласините кои се шират во јавноста последните неколку месеци, за нејзината наводна врска со поранешниот американски претседател Барак Обама.

Гласините за можна врска помеѓу Анистон и Обама се појавија откако беше откриено дека бракот на Барак и Мишел Обама е во криза. Овие наводи предизвикаа бура во медиумите, а дополнително внимание привлече и тоа што Мишел не присуствуваше на одредени важни настани, како што се погребот на Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп.


Извори блиски до Анистон велат дека актерката одлучила да преземе чекори за да стави крај на шпекулациите кои ја повредија не само Мишел, туку и самата таа.

– Џенифер едвај го познава Обама, а овие гласини се навистина луди – открил извор за Radar On Line.

Според блиски пријатели, Џенифер е загрижена за ефектот на овие гласини врз Мишел Обама.

Самата актерка беше мета на слични приказни за време на бракот со Бред Пит, кога медиумите тврдеа дека Бред ја изневерувал со Анџелина Џоли.

– Џен знае колку ваквите приказни можат да бидат болни. Таа е шокирана, но и збунета, бидејќи не разбира како луѓето доаѓаат до такви идеи – рекол изворот.

Извори блиски до Барак тврдат дека тој и Мишел се веќе разделени и живеат одвоено.

Наводно, разводот ќе се случи тивко, без помпа, за да се зачува достоинството.

– Барак е подготвен да продолжи понатаму, а истото важи и за Мишел, која конечно реши да се стави себе си на прво место – рекол изворот.

Анистон ги демантираше сите шпекулации за нејзината врска со поранешниот претседател, нагласувајќи дека едвај го познава.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична