Утрински Весник
Спорт

Елмас: Доаѓаме од мали земји. Сонот на Неапол стана стварност

Елмас: Доаѓаме од мали земји. Сонот на Неапол стана стварност
Dik 300x250 mk

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, со Наполи ја слави шампионската титула во Серија А. Елмас е вториот Македонец со шампионска титула во калчо лигата.

dobivaj vesti na viber

Пред Елмас, шампион на Италија пред 13 години со Интер стана легендарниот Горан Пандев.

Наполи, матаматички ја обезбеди титулата по ремито со Удинезе (1:1) во 33.коло. Наполитанците на пет кола до крајот на сезоната имаат недостижни 16 поени повеќе од Лацио.

Македонскиот репрезентативец се огласи со моќна порака на социјалните мрежи.

„Доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Нигерија, Словачка, Камерун, останатото е историја. Сонот на Неапол стана стварност“.

Елмас, сезонава одигра 31 натпревар за Наполи, во освојувањето на титулата придонесе со шест гола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен