Утрински Весник
Магазин

Елен Деџенерис продава викендичка во Монтесито

Елен Деџенерис продава викендичка во Монтесито

Комичарката Елен Деџенерис и нејзината сопруга Портиа де Роси отуѓуваат еден од нивните имоти во Монтесито, откако неодамна продадоа друг во истата населба за 13.5 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Претходно оваа недела, парот ја огласи куќата од 1915 година по цена од 5.8 милиони долари.

„Имотот од 2.830 квадратни метри се наоѓа во градскиот кварт Хеџероу, има „неверојатна приватност и е во близина на плажата и долниот и горниот дел на Монтесито,“ стои во огласот.

Деџенерис, која во последниве две децении купи и продаде најмалку 20 имоти, поседува куќи во вредност од 450 милиони долари. Токму затоа медиумите ја нарекуваат тајкун за недвижности.

Во 2020 година двојката купи неколку раскошни вили, вклучувајќи го огромниот имот во Монтесито со повеќе станбени објекти и главна куќа, по цена од 49 милиони долари.

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак