Утрински Весник
Свет

Екстремно десничарскиот кандидат исклучен од претседателските избори во Романија

20250305123429 Big 730x400 40.webp.webp

Романската изборна комисија ја отфрли кандидатурата на екстремно десничарскиот кандидат Калин Ѓeорѓеску за претседателските избори во мај, одлука што предизвика негодување кај неговите поддржувачи. Изборната комисија само соопшти дека кандидатурата е отфрлена без никакво образложение.

Ѓeорѓеску, кој е фаворит во анкетите со околу 40 отсто од гласовите, сепак може да поднесе жалба до Уставниот суд. Тој на платформата Х оцени дека тоа е „директен удар за демократијата во светот“.


„Европа сега е диктатура, Романија живее под тиранија“, напиша Ѓeорѓеску.

Романија е во превирања уште од првиот круг на претседателските избори, одржани на 24 ноември, што го донесе на политичката сцена тогаш практично непознатиот Калин Ѓeорѓеску.

Во редок потег во Европската унија, Уставниот суд го поништи гласањето по наводите за руско мешање, а нови избори беа закажани за мај во многу тензична атмосфера.

Можете да прочитате

Белгија следната година ќе воведе електронски лични карти

Автомобил експлодира на аеродром во Лондон: Блокирани терминали, одложени неколку летови

Русија и САД побараа итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации