Утрински Весник
Магазин

Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата

Par raspravija.jpg

Во одредени ситуации, партнерите иако се свесни дека на нивниот брак му дошол крајот, одлучуваат да продолжат со бракот само поради децата. Според стручните лица,  да останеш во брак само поради децата, не е добра одлука.

Иако е важно децата да растат со двајцата родители, бидејќи секој  родител има своја улога во животот на детето, факт е дека понекогаш е подобро на возрасните да им се разминат патиштата, бидејќи тие би требало да мислат за подобра иднина на своето дете. Ако чувствувате дека емоционалната врска исчезнала и разговорите со партнерот се сведени само на обврски и за финансии, тоа може да биде знак дека е време да размислите за разделба.

– Врската преминала во практично заедничко родителство. Нема конфликти, но нема ни вистинска врска – водите одвоени животи, вели брачната психотерапевтка Деби Кинан.

Тоа, според неа, е уште еден јасен показател дека продолжувате со вашиот брак само поради децата е и укажувањето на меѓусебни грешки.

– Родителите често ја мешаат заедничката грижа со интимноста. Ако вашите единствени топли моменти доаѓаат од разговори за децата, важно е да забележите дека ги користите како емоционална изолација за да избегнете да се соочите со тоа што недостасува меѓу вас, вели психотерапевтката Шарлот Фокс Вебер.

Паровите што остануваат во однос само поради децата често веруваат дека врската ќе ја прекинат кога децата ќе бидат „доволно подготвени“. Во такви ситуации, родителите се уверуваат дека потребите на децата се пред нивната лична среќа и дека, на некој начин, тие потреби се исполнети.

– Многумина ќе останат во врска без љубов, бидејќи децата им се поважни од нивната сопствена среќа. Тие сакаат да се уверат дека потребите на нивните деца се исполнети, а нивната намера е да ги заштитат, додава психотерапевтката. 

Во сето тоа, наместо да размислувате како да ја подобрите или промените врската, се јавува прашањето – како да излезете од неа. Огорченоста може да се вкорени во врските што не напредуваат, отворајќи го патот кон она што психолозите го нарекуваат „четири елементи на деструктивна комуникација“: критика, одбранбен став, презир и избегнување. Ова може да доведе до уште поголема дистанца, повлекување и губење на меѓусебната почит. 

Сите овие ситуации можат да остават влијание врз вашите деца, па тие може да се чувствуваат виновни и одговорни за напнатоста, и да научат дека љубовта понекогаш значи емоционална празнина. Исто така, децата можат да усвојат негативни начини на однесување за идните врски, а вашите фрустрации може да се пренесат врз нив. 

Можете да прочитате

Неколку причини зошто никогаш не треба да спиете со мокра коса

Што е „тивок развод“ – 24info.mk

Фитнес рутина што ве води до потенок струк за само неколку недели