Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Kahverengi krem siyah yesil dunya hukuk gunu facebook gonderi.jpg
300x250 opst2

Поранешниот кинески министер за земјоделство Тан Жeнѓијан е осуден на смрт со двегодишно одложување на извршувањето на казната, поради примање поткуп во пари и во натура во вкупна вредност од над 268 милиони јуани (околу 32 милиони евра), се наведува во соопштение на Судот во градот Чанчун, провинцијата Џилин.

Судот наведе дека овие корупциски дејствија „предизвикале особено сериозни загуби за државата и народот“ и дека поради тоа смртната казна е оправдана. Тан ги признал „своите злосторства“ и изразил каење.


Пресудата е дел од големата антикорупциска кампања на претседателот Си Џинпинг, во рамки на која беа отстранети повеќе високи функционери. Поддржувачите на кампањата велат дека таа придонесува за чисто управување, но критичарите сметаат дека на Си му овозможува да се ослободи од политичките ривали.

Тан беше министер за земјоделство од 2020 до 2024 година, а претходно беше гувернер на провинцијата Гансу и заменик-раководител на автономниот регион Гуанси. Неговиот пад од функцијата беше проследен со истраги против уште неколку високи функционери, меѓу кои и поранешните министри за одбрана Ли Шанфу и Веи Фанхе. Настојникот на Ли – сегашниот министер за одбрана Донг Џун – исто така е под истрага за корупција. 

Можете да прочитате

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне

Проевропскиот блок во силно водство на изборите во Молдавија