Утрински Весник
Скопје

Eко-патролата при ЈП Комунална хигиена Скопје изготвила 334 записници во 2024 година

Viber Image 2024 11 27 18 30 03 566.jpg

Во периодот јануари-декември 2024 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Како резултат на овие активности, од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број на записници-вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир.

Во текот на минатата година, Еко-патролата реализираше и секојдневни интервентни патролни дежурства на таканаречените „црни точки“ – локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Најголем дел од овие локации се наоѓаат во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров. Во општината Чаир, секојдневно непрописно се одлага отпад на булеварите Никола Карев (Пластичарска улица, на аголот со улицата Максут Садик) и Крсте Мисирков (до Зегин на Бит-пазар), како и улиците Џон Кенеди (до ООУ „Васил Главинов“) и Славеј Планина (во непосредна близина на скопското Теќе), додека во општината Ѓорче Петров станува збор за повеќе локации на улиците Лука Геров, Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев и Македонска војска.


Можете да прочитате

Делови од Скопје утре без струја

Директорот на ЈСП со сомнеж за саботажа, трет изгорен автобус за шест месеци

Нападнати инспектори од Град Скопје, Арсовска ги објави напаѓачите и побара интервенција од МВР