Утрински Весник
Балкан

ЕК ги предупреди Србија и Косово дека нема да добијат финансиска помош ако не ги средат меѓусебните односи

Srbija Kosovo.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската комисија ги предупреди Србија и Косово дека нема да добијат финасиска помош ако не си средат меѓусебните односи. Двете земји треба конструктивно да се вклучат во нормализирање на односите за да добијат право на финансирање од Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската унија. Според европските челници, двете земји мора да се насочат кон спроведување на сите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс за спроведување и од сите претходни договори од бриселскиот дијалог, како и почеток на преговорите за Сеопфатниот договор за нормализација на односите. ЕК наведува дека Планот за раст за Западен Балкан претставува „сеопфатна понуда на ЕУ за подобрување на социо-економската ситуација“ во шестте земји од регионот. За Србија и Косово, исто така, постои предуслов – „конструктивен ангажман за нормализација на односите со цел целосно спроведување на сите обврски“ кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс од Охрид, како и од сите досегашни постигнати договори. во бриселскиот дијалог.

Можете да прочитате

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес