Утрински Весник
Спорт

ЕХФ го објави изборот на играчи за МВП на сезоната

Images 13.jpg

По состанокот на Извршниот комитет, Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави потесниот список со ракометари и ракометарки за наградата за најкорисен играч (МВП) во сезоната 2023/2024.

Во конкуренција на ракометари тоа се Дика Мем (репрезентација на Франција, член на Барселона), Емил Нилсен (Данска/Барселона) и Магнус Саугструп (Данска/Магдебург), а за наградата МВП за ракометарки кандидатки се Стине Офтедал (Норвешка/Ѓер, се пензионира на крајот на сезоната 2023/2024), Клое Валентини (Франција/Мец) и Лине Хаугстед (Данска/Ѓер, сега членка на Есбјерг) објавија од ЕХФ.

Можете да прочитате

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг” во Скопје