Утрински Весник
Македонија

Едноминутен молк пред дискотеката „Пулс“ во Кочани од над 300 спортисти

Screenshot 20250504 153036 gallery.jpg

Со едноминутен молк пред дискотеката Пулс, како симбол на задоцнетата институционална реакција точно во 12.05, родители, спортисти и граѓани им одадоа почит на 62 млади луѓе кои на 16 март ги изгубија своите животи во пожарот.

MK Summit

Кочани се обедини во чест на загинатите. Велосипедската тура во која учествуваа над 300 велосипедисти ја иницираа родителите и кочанската локална самоуправа.


„Дали треба да ни се случат трагедија за да си подадеме рака и да се сплотиме?да си бидеме поддршка и да сме сите задно. Заедно сме и даваме поддршка на сите повредени, посакувајќи им побрзо оздравување. Овде сме и не се откажуваме, ќе се бориме, не се предаваме. Заслужуваме одговори и инсистираме за нив„ изјави Жаклина Пауновсска Ангеловиќ

„Вклучени се над 300спортисти. Освен велосипедисти, ќе има и спортисти кои ќе трчат. Мора да бидеме внимателни, бидејќи во дефилето се вклучени многу мали деца. Безбедноста ни е на прво место„ изјави родител.

И по нецели два месеци од трагедијата, градот се уште е завиен во тишина и болка, а кочанчани тагуваат по своите сограѓани. Велат, ќе бидат потребни децении за животот повторно се врати во нормала.

Истрагата за дискотеката Пулс, како што претходно информираше јавниот обвинител Коцевски, треба да заврши на 17 јуни. На случајот работат 13 обвинители, а моментално истрагата се води за кривичното дело-тешки дела против општата сигурност.

Можете да прочитате

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути

Делумно нормализиран сообраќајот на патот Дебар – Струга

24 години од смртта на Васка Илиева