Утрински Весник
Свет

Едногодишно девојче почина откако воспитувачите ја заборавиле во вжештен автомобил во Небраска

Едногодишно девојче почина откако воспитувачите ја заборавиле во вжештен автомобил во Небраска
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Мајка и татко од Небраска изјавија дека се ужаснати од смртта на нивната 1-годишна ќерка, која според полицијата била оставена во жешко возило пред дневен престој.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

Едногодишната Рамија Вортингтон почина откако полицијата соопшти дека била оставена во жежок автомобил во понеделникот во Центарот за развој во Омаха. Нешто по 15 часот била повикана полиција. Оттаму велат дека едногодишното девојче било пренесено во болница каде починало.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

„Не разбирам како можеше да се случи ова“, рекол таткото на девојчето.

Од „ВОВТ“ потврдиле дека комбето е регистрирано на сопственикот на градинката. Возачот ги собрал Рамија и нејзините двајца браќа и сестри во понеделникот наутро. Останатите две деца излегле од комбето, но едногодишното дете останало.

„Градинката ги зема наутро, рано наутро“, рече Вортингтон.

„Моето прашање е како можеш да заборавиш дете што самиот си го ставил во возилото?“, додаде тој.

Надвор температурата во текот на денот достигнала 36 степени. Во болницата на родителите на Рамија им било кажано дека нејзината температура е 42 степени.

„Како можете да заборавите едно дете кога извадивте две од комбето? Како го заборавивте моето бебе?“, рекла нејзината мајка Сина Џонсон.

Не е јасно колку време Рамија останала во комбето.

Рамија била најмалото од шесте деца. Нејзините родители велат дека сакала да јаде и да игра и дека секогаш имала насмевка на лицето.

„Таа го сакаше својот татко. Таа беше мало девојче на тато“, додала мајката.

Истрагата за смртта на Рамија е во тек. Засега не е јасно кога и дали ќе биде поднесена пријава.

Можете да прочитате

Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица

Израел извршил воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Иранската влада свика итен состанок по смртта на Раиси