Утрински Весник
Балкан

Едногласно изгласано самораспуштање на хрватскиот Сабор

Picture 706 660x486 1.jpg

По неполни четири години работа, едногласно се самораспушти десеттиот состав на хрватскиот парламент. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на крајот на април или почетокот на мај, но пред европските избори. Одлуката за распуштање на Парламентот е донесена едногласно, со 143 гласа, додека претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ се заблагодари за соработката. Собранието пред распуштањето донесе измени на казненото законодавство со кои како кривични дела се воведуваат фемицидот и неовластено објавување содржина од истражни и доказни дејствија, т. н. протекување информации. Десеттиот состав на парламент беше конституиран на 20 јули 2020 година. Новото, 11. свикување на хрватскиот Сабор ќе се избира на парламентарни избори, кои ќе ги распише претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ.

Можете да прочитате

Вучиќ најави оставка од пратеничкото место: „Толку сте ми одвратни што не можам да ве гледам“

Рама: Сосема е јасно дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав

Трагедија во Хрватска: Македонски работник загина при изведување работи на пруга