Утрински Весник
Балкан

Едно лице загина во несреќа на жичница на Дурмитор

20251220151044 big 730x400 91.webp.webp

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во несреќа што денеска се случи на жичницата на Савин кук на Дурмитор, кога странски туристи паднале од корпа на ски-лифтот, јави Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ).

Несреќата се случила на вториот, пострмен дел од жичницата, а загинатиот е маж, додека повредената жена била свесна и комуникативна и веднаш ѝ била укажана медицинска помош.

На лице место дошле полиција и спасувачки екипи кои вршат увид, а околностите под кои се случила трагедијата се уште се утврдуваат.

Според неофицијални информации, се сомнева на дефект на жичницата број два, која води кон Савин кук, по што корпата во која биле туристите почнала да се лизга назад. Таа потоа удрила во друга корпа.

Жичницата на која се случи несреќата е стара околу 35 години и, според достапните информации, ѝ недостасува еден столб, соопшти РТЦГ.

Можете да прочитате

Приштина е најевтината престолнина во Европа

Косово воведе итна забрана за увоз на овци и кози од Македонија

ЕК следната недела ќе презентира предлог за преодно решение за превозниците во Западен Балкан