Утрински Весник
Свет

Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва

Policija Kola Rusija.jpg

Едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија во станбена зграда во северозападниот дел на Москва, јавија руските медиуми, повикувајќи се на итните служби.

„База“, канал на Телеграм близок до руските специјални служби, објави видео снимка на која се гледа сериозна штета на станбениот комплекс „Али Паруса“, ​​каде што се случи експлозијата.


Причините за експлозијата засега остануваат непознати. Во декември Украина ја презеде одговорноста за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов во бомбашки напад пред станбена зграда во Москва.

Засега нема коментар од Киев. 

Можете да прочитате

Рубио: САД не сакаат договор со Иран по секоја цена

ИРГЦ: Секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има дозвола од Иран

Раздор меѓу Трамп и Нетанјаху: Привремен спор или пресвртница за односите меѓу САД и Израел