Утрински Весник
Свет

Едно лице загина, девет се водат како исчезнати во уривање на хемиски резервоар во американската сојузна држава Вашингтон

20260527131037 big 730x400 41.webp.webp

Голем хемиски резервоар, со околу еден милион галони (околу 3,7 милиони литри) силно корозивна течност, се урна вчера во близина на фабрика за хартија во американската сојузна држава Вашингтон, при што загина најмалку еден работник, а деветмина се водат како исчезнати, соопштија властите, додавајќи дека нема надеж овие девет лица да бидат спасени.

Според локалните власти, нема закана за јавноста.

Уште девет лица се повредени, некои од нив тешко, во инцидентот во фабриката „Нипон Дајнавејв Пакиџинг“ (Nippon Dynawave Packaging Co) во Лонгвју, а причината за несреќата засега е непозната.

– Во овој момент немаме информации дека претстојат нови акции за спасување – изјави шефот на противпожарната единица на Ковлиц, Скот Голдстин, на синоќешната прес-конференција, на која официјалните лица зборуваа за моменталната ситуација.

Спасувањето нема да продолжи до денеска наутро по локално време, кога службите за итни случаи планираат да работат на стабилизирање на урнатиот резервоар, во кој сè уште има околу 90.000 галони (над 340.000 литри) хемиска мешавина, а потоа да трагаат по исчезнатите, рече Голдстин.

Според властите, повредите варираат од полесни до критични, при што некои луѓе имаат изгореници или повреди од вдишување на хемикалии. Меѓу повредените има и еден пожарникар.

Можете да прочитате

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната

Италија издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за Рим и уште три други градови

Се менува демографската слика на ЕУ: помалку млади, повеќе стари до 2100, по пикот во 2029 година населението ќе почне да опаѓа