Утрински Весник
Свет

Едно лице загина, а три се ранети во пукање во градот Вон во југоисточна Канада

1708002705 WhatsApp Image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg

Едно лице загина, а три се ранети и пренесени во болница по пукање во приватна куќа во градот Вон во југоисточна Канада.

Полицијата во регионот Јорк во канадската провинција Онтарио соопшти дека инцидентот се случил околу 9:30 часот во куќа во областа меѓу Мејџор Мекензи Драјв и Вестон Роуд во населбата Вудбриџ во Вон, јавува канадскиот јавен сервис ЦТВ.

Едно повредено лице е пренесено во болница со повреди опасни по живот, други две се здобиле со тешки повредени, но не опасни по живот, а едно лице е пронајдено без знаци на живот, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Ретка и опасна варијанта на ебола се шири во Конго – нема ниту вакцина

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“