Утрински Весник
Свет

Едно лице загина, а 17 се повредени во верижен судар во Италија

20240720190220 Big 730x400 88 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Едно лице загина денеска, а 17 се повредени во судир на повеќе возила на автопатот меѓу италијанските градови Падова и Венеција.

Поради несреќата автопатот бил затворен до 16 часот, а коловозните ленти постепено се отвораат, пренесува весникот „Кориере дел Венето“.

Во судирот учествувале осум возила, а точната причина за несреќата допрва ќе се утврдува. Патот за Трст е отворен, додека патот кон Милано е делумно блокиран, а колоните возила достигнаа и до десет километри

Можете да прочитате

Тројца загинати по експлозија во Москва

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара