По посетата на шпанскиот крал Филип Шести и кралицата Летиција на Загреб, многумина ја коментираат елеганцијата и убавината на Летиција, надалеку позната по својот беспрекорен моден стил.
Таблоидите пишуваат и за нивната најстара ќерка, Леонор. Имајќи предвид дека кралот и кралицата немаат машки деца, таа ја задржува титулата принцеза од Астурија и е претпоставена наследничка на шпанскиот трон.
Леонор има 17 години и веќе важи за една од најубавите принцези на светот.
Оваа принцеза еден ден ќе стане кралица на Шпанија. Иако шпанското кралско семејство не ја ужива популарноста на британското кралско семејство, Леонор е сакана во својата земја и ги извршува кралските должности од десетгодишна возраст.
Филип Шести и Летиција станаа крал и кралица во 2014 година, откако абдицира неговиот татко Хуан Карлос.