Утрински Весник
Македонија

Единствена Македонија остана без струја – Бачев тврди дека не е поради сметки, туку поради ставот дека ЕВН треба да е во државна сопственост

Единствена Македонија остана без струја – Бачев тврди дека не е поради сметки, туку поради ставот дека ЕВН треба да е во државна сопственост

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, тврди дека ЕВН незаконски им ја исклучиле струјата во партиското седиште.

dobivaj vesti na viber

Бачев уверува дека партијата нема ниту една неплатена сметка кон ЕВН.

„Според нашите сознанија, ние сме исклучени поради нашата партиска определба која постојано ја промовираме во јавноста дека доколку Единствена Македонија биде дел од народната власт после наредните избори, ЕВН ќе биде вратена во сопственост на државата. Во меѓусебните дописи со ЕВН, известени сме дека сме исклучени наводно за некаков долг за камата од 3.100 денари. Меѓутоа, тоа е само параван, во нашата преписка јасно им кажуваме дека доколку има таков долг уште утре да отидат на извршител и да го наплатат“, вели Бачев.

Партијата смета дека во сопственост на државата треба да бидат вратени и Телеком и Топлификација, бидејќи се од стратешки интерес на државата.

„ЕВН претера. Оваа банда империјалистичка од Австрија мора да биде запрена. Домашните јаничари кои што ја помагаат и вршат грабеж врз граѓаните, сега видовме дека ЕВН почна да се пресметува и со домашни политички партии што е скандалозно и незамисливо“, вели Бачев.

Додаде дека доколку Единствена Македонија биде дел од народната власт на наредните избори, ќе го исполнат ветеното и ЕВН повторно ќе биде вратена во државна сопственост.

Можете да прочитате

(МАПА НА ОЧЕКУВАНИ ТЕМПЕРАТУРИ ПО ГРАДОВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД) Погледнете колку ќе изнесува температурата во вашиот град

ДИК в понеделник ќе има на маса 27 приговори за парламентарните избори

Политичките партии поднесоа 27 жалби за парламентарните избори