Утрински Весник
Балкан

Еди Рама планира да се кандидира за четврти мандат

Ee 14 1.webp.webp

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека планира да се кандидира за четврти мандат, бидејќи има уште работа, иако во претходните мандати се направени големи работи, пренесуваат албанските медиуми.

-Планот е да се кандидирам за функцијата, но дотогаш има време. Верувам дека морам да се кандидирам, бидејќи има уште работа, изјави Рама за телевизијата А2.

„Албанија не беше ниту на мапата, а земјата беше споменувана во лош контекст. Ја надминавме бројката од 10 милиони туристи во земја во која туризмот беше идеја и сон, но не и реалност“, потенцира Рама.

-Тука е и борбата против корупцијата, која мора да стане неповратна, а со цел да се вее нашето знаме во Брисел во текот на оваа деценија, вреди да се кандидирам за уште еден мандат. Тогаш ќе одлучат граѓаните, рече Рама

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил