Утрински Весник
Македонија

Еден пациент од Австрија денеска се враќа дома – странски тимови за рехабилитација се пристигнати во нашите центри

Klinicki Centar 800x600 1.jpg

Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава, по што согласно протоколите ќе биде задржан под 24-часовен надзор.

Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови.


Инаку, во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања ќе биде пуштен на домашно лекување.
Во моментов на оваа Клиника се хоспитализирани тројца пациенти. Во изминатото деноноќие нема згрижени пациенти на Клиниката за токсикологија.

Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 3 пациенти, а во Хируршката клиника Свети Наум остануваат 6 пациенти кои се хоспитализирани на одделение. На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациени, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.

„Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници кои во моментов прават евалуација на просторните услови, апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници,“ информираат од Министерството за здравство.

Министерството останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за секој еден од пациент од повредените од несреќата во Кочани.

Можете да прочитате

ВРЕДИ со честитка за Велигден

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме!