Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан: Разговорите со Тејлор Свифт ми беа како терапија

Ед Ширан: Разговорите со Тејлор Свифт ми беа како терапија
Dik 300x250 mk

Ед Ширан вели дека разговорите со неговата долгогодишна пријателка Тејлор Свифт биле како терапија.

dobivaj vesti na viber

Британската музичка ѕвезда (32) е пријател и соработник на 33-годишната пејачка и текстописец со години. По случајот со авторски права – и по личните трауми, вклучително и смртта на неговиот најдобар пријател Џамал Едвардс и болеста на сопругата Чери Сиборн – тие имаат долги разговори со оглед на тоа што таа добро го разбира неговиот живот.

Во интервју за „Епл мјузик 1“, Ширан истакна дека нивната работа е една од причините за силната врска: „Имам долги, долги и долги разговори со Тејлор за работи затоа што чувствувам дека таа е една од единствените луѓе што всушност навистина разбира каде сум.“

„Вчера имав еден час разговор со неа. Мислам дека тоа само по себе е еден вид терапија, бидејќи вие всушност разговарате со некој кој тоа искрено го сфаќа.“

Во четвртокот, судот на Менхетен ја отфрли тужбата против него за наводно кршење на авторски права. Наследници на коавторот на Let’s Get it On на Марвин Геј бараа 132 милиони долари оштета, тврдејќи дека мегахитот на Ширан, Thinking out Loud, е плагијат на песната на Геј.

Можете да прочитате

Темните фармерки нема да избледат ако ја додадете оваа состојка во машината за перење

Малезискиот корона-град на духови полека заживува

Објавен трејлерот за „Врисок 7“