Утрински Весник
Магазин

Џеј Зи и Бијонсе си купија хациенда од 200 милиони долари

Џеј Зи и Бијонсе си купија хациенда од 200 милиони долари

Раперот-продуцент Џеј Зи и поп-дивата Бијонсе платија во кеш 200 милиони долари за нов дом од соништата.

dobivaj vesti na viber

Суперѕвездите – кои заедно ја имаат ќерката Блу Ајви (11) и петгодишните близнаци Руми и Сер – неодамна се почестија со хациенда во Малибу.

Оваа зделка за имот вреден 200 милиони долари официјално ја прави најскапа куќа некогаш купена во Калифорнија. Според медиумите, ова е втор најскап купопродажен договор во историјата на американските недвижнини, бидејќи стан во Њујорк претходно беше продаден за 238 милиони долари.

Имотот, кој се простира на површина од 30.000 квадратни метри, претходно бил во сопственост на колекционерот на уметнички дела Вилијам Бел.

Оваа вест можеби не е изненадување имајќи предвид дека Џеј Зи вреди околу 2.5 милијарди долари, делумно поради неговите брендови алкохол Ace of Spades и D’Usse, неговата збирка ликовна уметност и неговиот сопствен каталог со музика.

Музичката кариера на неговата сопруга ѝ донесе богатство од близу 500 милиони долари, што најверојатно ќе се зголеми со турнејата „Ренесанса“ бидејќи се очекува серијата концерти да генерира повеќе од 1 милијарда долари.

Можете да прочитате

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак

„Тој се откажува од барањето за старателство“: судската битка на Анџелина и Бред е при крај