Утрински Весник
Македонија

Ќе видат ли бел ден зградите на ФИНКИ и ФФК во кампусот на УКИМ?

Whatsapp Image 2025 01 19 At 22.39.01 88738d9d.jpg
Dik 300x250 mk

Пред 10 години во дворот на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје започна изградба на две нови згради.

Таму треба да се сместат студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје.


Дизајнирани во барок (кој беше популарен за државните институции во таа 2015 година) зградите требаше да се изградат за две години и чинеа вкупно 30 милиони евра.

Но иако изминува и десеттата година од почетокот на изградбата, зградите се уште стојат недовршени во дворот на најголемиот универзитетски кампус.

Во меѓувреме, фирмата што ги градеше, Бетон – Штип отиде во стечај, а проектите (само на хартија) претрпеа одредени измени во финалниот надворешен изглед.

24инфо.мк се обрати до Министерството за образование и наука за нивните планови за овие згради. Оттаму, уверуваат дека тие ќе бидат довршени наскоро.

„Согласно најавите, изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК ќе продолжи кон крајот на оваа година. Во моментов се прави увид во состојбата во која се наоѓаат, имајќи предвид дека повеќе од 7 години не се реализирани никакви активности, како и адаптација на проектите за истите“ велат од МОН.

Студентите на ФИНКИ и на ФФК се уште студираат во старите објекти кои дел од нив се дотраени, а особено голем проблем имаат професорите и студентите на ФИНКИ кој во последните години стана еден од најпопуларните факултет,и во државата што придонесува за создавање проблем при правењето распоред на предавањата.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!