Утрински Весник
Македонија

Ќе се уништува свинското месо од Грција чиј шверц беше спречен

13 13 002 960x960 1.jpg

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска наредија уништување на приближно два тона замрзнато свинско месо по потекло од Република Грција, чиј шверц беше спречен викендов од страна на мобилна екипа на Царинската управа. За запленетите количини, АХВ вчера беше официјално известена од Царинска управа, врз основа на што беше издадена и наредбата за нештетно уништување на небезбедното месо.

Агенцијата информира и дека до овој момент, преку Системот за брзо информирање за Европската унија, не е добиено известување за пласирана небезбедна серија хималајска сол од брендот „Котами“, која поради утврдено присуство на пластика во одредени серии се повлекува од пазарот во некои од земјите од регионот.

-Како одговорна институција за безбедноста на храната ќе ја следиме состојбата и доколку има потреба, навремено ќе бидат преземени соодветни мерки, наведува АХВ.

Можете да прочитате

За две години во Словенија се запишале над 3 илјади студенти од Македонија, колку ќе заминат во октомври годинава?!

Сајкоски: Од 27 август до 3 септември собираме предлози за програмите за локалните избори

Милевски: Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на Петков и ВМРО-ДПМНЕ