Утрински Весник
Свет

„Ќе дадеме се од себе да се спречи војна“, српски директор алармира дека состојбата Косово-Србија е најтешка досега

„Ќе дадеме се од себе да се спречи војна“, српски директор алармира дека состојбата Косово-Србија е најтешка досега

Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, изјави дека денеска се наоѓаат во најтешката ситуација досега, сето тоа по последното апсење на Србите во Косово.

dobivaj vesti na viber

„Белград и земјата Србија ќе дадат се од себе за да спречат конфликт и војна. Во најтешката ситуација сме досега. Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше со Лајчак и со неколку меѓународни фактори за да го запре Курти“, рече Петковиќ.

Милун Миленковиќ, тренерот на кик-бокс клубот од Косовска Митровица денеска беше уапсен од косовската полиција. Миленковиќ е уапсен во близина на Техничкото училиште. Во Косовска Митровица се огласија сирените, а на улиците на Северна Митровица се собраа неколку стотици граѓани, а бројот на револтирани – расте.

По тој повод, Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, на прес-конференција во Владата на Србија рече дека Албин Курти со денешните изјави покажал дека е заинтересиран за војна. По негова наредба, Милун Миленковиќ е уапсен бидејќи е истакнат борец за српските национални интереси и правата на Србите.

„Го уапсиле напладне во центар во фризерски салон кој бил опколен. Со долги цевки ги држеа случајните минувачи под закана. Гледаме дека Курти носи нови полициски сили на РОСУ на север од КиМ. Како можеме да се движиме во насока на деескалација? Ние сме во речиси најтешка ситуација досега. Ваквите акции се насочени кон протерување на српскиот народ од Косово и Метохија. Го повикуваме КФОР итно да реагира и да интервенира и да ги отстрани полициските сили на РОСА од северот на Косово и Метохија“, рече Петковиќ.

Тој додаде: „Наместо да ги повлече окупаторите од северно Косово и да се движи во насока на деескалација, што го бара целата меѓународна заедница од Курти, тој носи нови косовски полициски сили. Објасни ми тогаш како можеме да се движиме во насока на деескалација?“.

Петковиќ потенцира: „Курти сака на секој начин да предизвикува конфликти и војна. Ќе направиме се, како и досега, да го зачуваме мирот, но никој не знае што има во главата на Курти. Наместо да ги ослободи претходно уапсените Срби, тој апси друг Србин. Сега носи нови сили, нови оклопни возила, нови полицајци Росу кои ги држат обичните граѓани пред нишан“.

Можете да прочитате

Околу 18.000 Сиријци се вратиле дома од Јордан, по падот на Асад

Во Украина пристигаат германски тенкови „Леопард“

Банкротираше компанијата што ги произведува амблемите на Мерцедес