Утрински Весник
Македонија

Ковачевски подготвен да му го отстапи премиерското место на Мицкоски: Да гласаме за уставни измени и да одиме на избори веднаш

Ковачевски подготвен да му го отстапи премиерското место на Мицкоски: Да гласаме за уставни измени и да одиме на избори веднаш

Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот брифинг со новинарите рече дека нема проблем да го отстапи премиерското место на ВМРО-ДПМНЕ, ако наместо него, Христијан Мицкоски или некој друг член на опозицијата стои како предлагач на уставните измени.

dobivaj vesti na viber

„Јас сум потписник на предлогот за уставните измени. Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ сака да ја има таа чест, јас со задоволство ќе му ја отстапам“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека нема против ни со тоа СДСМ да отстапи половина од министерските места на ВМРО-ДПМНЕ, за да влезат во Владата. Целта, како што рече, е заеднички да ја донесат одлуката за уставните измени и да се продолжи патот за евроинтеграции.

Според Ковачевски гласањето уставни измени за вметнување на Бугарите како малцинство во Уставот треба да биде веднаш. Исто така рече дека треба веднаш да има и парламентарни избори.

Можете да прочитате

ОУ „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС

Ѓорѓиевски: Голем интерес за мерката за ослободување од комуналии за младите