Утрински Весник
Свет

Eрдоган му порача на Макрон: Ќе имаш уште многу мака со мене

Eрдоган му порача на Макрон: Ќе имаш уште многу мака со мене

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги коментираше настаните во источниот Медитеран, како и улогата на Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон во тој регион.

„Господине Макрон, ќе имате уште многу мака со мене. Вие не ја знаете историјата. Не ја знаете ниту историјата на Франција. Затоа, не занимавајте со турскиот народ и не занимавајте се со Турција. Не можете да ни држите предавања за човештво“, рече тој.

Макрон вчера кажа дека Европа треба да биде јасна и гласна кон владата на Ердоган поради нејзините потези.

Франција и Турција, обете членки на НАТО, спорат околу ембаргото на оружје во Либија и ситуацијата во источниот Медитеран, каде Париз е на страната на Грција и Кипар.

Ердоган додаде дека Париз нема право да ја критикува Турција, имајќи го в предвид колонијалното минато на Франција.

Ердоган исто така им порача на властите во Грција дeка прават грешка во врска со настаните во источниот Медитеран.

„Правите погрешна работа. Не одете по тој пат, ќе останете целосно сами”, додаде Ердоган.

Ердоган е и дециден дека „Турција не планира да побара помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како што некои сакаат“.

„Повеќе нема врата за нас наречена ММФ, ние сме си доволни. Оваа земја е самоодржлива”, рече Ердоган.

Претседателот на Република Турција изјави дека некои што знаат дека Турција е важна земја се обиделе на секој можен начин да воспостават контрола и да управуваат со неа, но не успеале во тоа.

„Несомнено е дека некои беа на истите позиции ноќта на 15 јули 2016 година, чекајќи да кажат како пучот успеал и да речат: ‘нашите момци успеаја повторно’. Но, таа вечер видовме дека кога луѓето застанаа на нозе, пучистите немаа корист од тенковите, топовите, оружјето, медиумите и меѓународната поддршка“, рече Ердоган во говорот на симпозиумот во Истанбул на 40-годишнината од пучот на 12 септември 1980 година.

Тој истакна дека секој воен удар е извршен за да се компензираат недостатоците и неуспесите на претходниот.

„Треба да знаеме дека ниту еден воен удар или обид за воен удар во Турција не беше легитимен, народен и наивен. Тие направија се’ што е во нивна моќ да не’ оддалечат од нашите цели и да не држат во еден маѓепсан круг на државни удари и тутори“, рече Ердоган. .

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење