Утрински Весник
Свет

ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт

20250921181501 big 730x400 86.webp.webp

Под целосна контрола е пожарот, кој избувна попладнево на отворен простор во близина на римскиот аквадукт во Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки и поголема количина на расфрално ѓубре низ опожарениот простор.

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов очекува пожарот набрзо да биде целосно изгаснат.


– Екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) веднаш излегоа на терен, но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето, изјави Ангелов.

Можете да прочитате

Скандал од 100 милиони долари го потресе украинскиот врв, Зеленски нема коментар

Иран: Хормуз мора да остане под наша контрола

Руски беспилотни летала се урнаа во Латвија