Утрински Весник
Балкан

Двегодишно девојче во Хрватска од болница било вратено дома, кога родителите повторно го донеле починало

C.jpg

Пред неколку дена во болница во Пула почина двегодишно девојче. Како што потврдија од истарската полиција, таа била донесена во болницата во Пула во ноќните часови на 18 февруари поради влошување на здравствената состојба и починала по реанимација. Родителите ден претходно биле со детето на преглед во болница, но девојчето било пуштено дома. Во текот на ноќта повторно се вратиле во болница, по што детето починало. На телото на починатото дете е извршена обдукција, а точната причина за смртта ќе се знае по добивањето на наодите од токсиколошкиот преглед и хистолошката анализа “, соопштија претходно од полицијата.

Можете да прочитате

Вонредните парламентарни избори на Косово закажани за 7 јуни

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија

Сонце, песок и 2.000 години историја: Преглед на античката ривиера на Анталија