Утрински Весник
Свет

Две жени пронајдени живи во Турција по 62 часа под урнатините

Две жени пронајдени живи во Турција по 62 часа под урнатините
300x250 (7)

Фатма Демир и нејзината сестра Мерве беа спасени во Турција откако поминаа 62 часа под урната зграда, соопшти Кабинетот на гувернерот на Газиантеп.

dobivaj vesti na viber

Фатма Демир (25) на спасувачите им кажала дека до неа во моментот на земјотресот била нејзината роднина Хусра.

Ss1

„Кога се случи земјотресот, бетонската плоча падна врз мене. Паднав на подот“, рече Демир и додаде дека неколку пати се обидела да ја допре Хусра, но не можела да стигне до неа.

Екипите за пребарување и спасување во југоисточниот турски град Газиантеп продолжуваат со потрагата по затрупаните луѓе под урнатините.

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија сега изнесува најмалку 15.865, соопштија официјални лица, според Си-Ен-Ен.

Ss1

Можете да прочитате

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД почнаа преговори за повлекување на 1.000 американски војници од Нигер

Од масовни гробници во болницата Насер за три дена ексхумирани над 200 тела