Утрински Весник
Македонија

Две семејства се тепале во Тетово

На 25.06.2026 полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.И.(51), Ф.И.(25), Б.И.(21), Ш.И.(38) и Ш.И.(42), сите од Тетово, членови на две семејства кои живеат во иста куќа, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Имено, според пријавеното, околу 21:30 часот настанала вербална, а потоа и физичка пресметка помеѓу нив, при што Ш.И.(42) со метален предмет ги нападнал роднините Ф.И., Б.И. и А.И. и им нанел повреди. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.


Можете да прочитате

Додека други напредуваат кон ЕУ, Македонија останува во изолација, велат од СДСМ

ВЛЕН: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

Уапсен нарко дилерот кој побегна од полициската станица во Кочани