Утрински Весник
Македонија

Две млади лица тешко повредени додека работеле во рудник

Brza Pomos.png

На 10.06.2024 во 22:08 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(38) од Пробиштип.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во с.Добрево, пробиштипско. Увид бил извршен.

На 11.06.2024 во 00:48 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Р.(20) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Филипче: Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски – изборот е јасен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев

СДСМ: По ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ