Утрински Весник
Балкан

Две лица загинаа и неколку се повредени откако се преврте автобус на патот Сремска Митровица – Јарак

Image 2025 10 17 164934550.png

На патот Сремска Митровица – Јарак, автобус од непознати причини слета во канал и се преврте на покривот.

Според неофицијални информации, двајца патници загинаа, а најмалку 10 лица се тешко и полесно повредени. Патниците во моментов се евакуираат од автобусот, но бројот на патници, нивната состојба и причината за несреќата сè уште не се познати, објави Телеграф.


Од правецот на Сремска Митровица кон Рума, забележлив е зголемен број на амбулантни и полициски возила, кои се движат кон Јарак.

Можете да прочитате

Вучиќ оди во посета на Украина

РЕКОРДНА ЗАПЛЕНА ВО БИХ: Паднаа 1,1 тон дрога вредна до 33 милиони евра

САД и ЕУ реагираа по пресудата за Тачи: Да се почитува судот, да нема тензии