Утрински Весник
Македонија

Две лица осомничени за злоупотреба на лични податоци и финансиска измама

Mvr Policija 4.jpg

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П. (35) од Струга и К.Т. (47) од Велес, поради сомнение за сторени кривични дела измама и злоупотреба на лични податоци. Според пријавата, осомничените со лажно прикажување на факти довеле во заблуда лице од Општина Карбинци, при што ги обезбедиле нејзините лични податоци и бројот на банкарска сметка.

На 25 јуни 2025 година, тие аплицирале за онлајн кредит во финансиско друштво, а потоа ја убедиле оштетената дека средствата по грешка се уплатени на нејзината сметка и побарале да ги повлече и да ги предаде на второосомничената.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа