Утрински Весник
Свет

Двапати останаа без покрив над главата, еднаш поради гранати, вториот пат поради земјотрес

Двапати останаа без покрив над главата, еднаш поради гранати, вториот пат поради земјотрес

Силниот земјотрес што го потресе јужниот турски град Антакија на 6 февруари израмни цели станбени блокови, но повторно го уништи чувството на сигурност што семејството на Абдула ал Мохамед толку долго го обновуваше, пишува Ал Џазира.

dobivaj vesti na viber

Во 2020 година, едно сириско семејство беше принудено да се пресели од нивниот роден град Сараќеб, поради конфликтот меѓу сириската влада и опозициските бунтовници.

Додека бомбите паѓале во близина на нивниот дом за време на офанзивата на владините сили на северозападна Сирија контролирана од опозицијата, Ал-Мохамед ја научил својата ќерка Салва, која тогаш имала три години, да игра игра што и помогнала да се ослободи од стравот.

Семејството на крајот се преселило во Антакија, Турција. Но, три години откако таткото и ќерката се оттргнале од смртта со смеа, нивните животи во Турција повторно беа нарушени со серија насилни земјотреси.

„Земјотресот беше толку силен, се обидов да стигнам до Салва од другата страна на собата, но ме турна наназад“, изјави Ал Мохамед за Ал Џазира.

„Се чувствувате како да сте заробени меѓу овој и задгробниот живот, се сеќавате на добрите работи и се насмевнувате, се сеќавате на лошите и барате прошка од Бога“.

„Мислев дека земјата пука под нашите нозе, зградите се уриваат насекаде околу нас“, рече тој.

„Не знаев каде да трчам. Одвреме-навреме слушавме врисоци од урнатините и луѓето трчаа да помогнат“, продолжи тој.

Салва почнала да плаче, како и многу луѓе кои трчале околу неа. Неколку часа подоцна, нејзиниот татко нашол автомобил во кој таа можела да се одмори и да се загрее.

„Беше смрзната, делумно од студ, делумно од страв, а одвреме-навреме повраќаше“, се присетува тој.

Семејството поднело барање за преселување во Канада пред повеќе од една година, но процедурата за преселување оди бавно. Ал-Мохамед се надева на нов дом каде неговото дете повторно ќе може да се смее.

Можете да прочитате

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп

Зеленски: Тројца убиени и десетици ранети во рускиот напад со дронови и ракети врз Украина