Утрински Весник
Македонија

Дваесетмина хулигани се тепаа, повредија полицаец и ги презедоа сите вести, Ковачевски повика спортот да им се остави на спортистите

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Вчерашните инциденти пред и по натпреварот меѓу бугарскиот клуб „Левски“ и домашниот „Шкупи“ се резултат на хулигани, кои се тепале меѓу себе, а повредиле и полицаец. Премиерот Димитар Ковачевски, денес, на поставувањето камен-темелник за нова полициска станица во Аеродром повика спортот да им се остави на спортистите и нагласи дека хулиганите успеале да ги преземат сите вести во медиумите.

dobivaj vesti na viber

„Тоа вчера беше резултат на хулигани и немаат никаква врска со спорот. И од едната и од другата страна. Ако ги видите вестите на агрегатите на вести, тогаш ќе видите сѐ, освен колку бил резултатот на натпреварот. Фудбалерите се дојдени да играат фудбал поради вистинските навивачи. Тоа што вчера се случи беше уште еден доказ дека фудбалот и кој било спорт треба да им се остави на спортистите и на вистинските навивачи, а не на хулигани што ги преземаат настаните пред и по натпреварот, а со тоа и сите вести. Никој не зборува кој фудбалер како играл, туку сите зборуваат кои се тие петнаесетмина, дваесетмина хулигани, кои се тепале и меѓу себе и повредиле и полицаец, кому, благодарение на докторите, повредата му е санирана и е пуштен на домашно лекување“, рече премиерот Ковачевски.

По вчерашните инциденти, во кои беше повреден и опериран еден Бугарин, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени 19 бугарски и двајца македонски државјани.

Можете да прочитате

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија она што го кажавме, сите лаги на Мицкоски се разобличени

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

Љутков: Наследивме колабиран културен систем и институции без пари за плати