Утрински Весник
Спорт

Два дена пауза, па почнуваат завршните борби

Два дена пауза, па почнуваат завршните борби
Ss2

Заврши осминафиналето на 22. Светско првенство, меѓу осумте селекции кои останаа во трка за титулата, најпријатното изненадување е Мароко.
Меѓу осумте најдобри ги нема Германија, Шпанија, Белгија, но тука за прв пат во историјата ќе биде Мароко. Мароканците, предводени од голманот Бону, ја елиминираа Шпанија. Бону во пенал серијата ги одбрани ударите на Солер и Бускетс, додека ударот на Сарабија заврши со стативата.

dobivaj vesti na viber

На Мундијалот среда и четврток се слободни денови, а првите четвртфинални натпревари се играат во петок.

Ss1

Од 16:00 часот ќе играат Холандија и Аргентина. Во истата фаза од натпреварувањето, двете селекции играа во 1998 година, кога Холанѓаните славеа со 2:1. Во полуфиналето на Светското првенство во Бразил во 2014 година подобри беа Аргентинците по изведувањето на пенали.

Истиот ден ќе знаеме кој ја сочинува првата полуфинална двојка. Од 20 часот се среќаваат Хрватска и Бразил.

Во втората половина од ждрепката се селекциите чии натпревари ќе ги гледаме ден подоцна, во сабота на 10.декември.

Први на терен ќе излезат Франција и Англија, а потоа ќе се сретнат Португалија и Мароко.

После тоа има уште два слободни дена, полуфиналето се игра на 13. и 14.декември, финалето е закажано на стадионот Лусаил на 18.декември.

Ss1

Можете да прочитате

Срамно скандирање и недолични гестови на Олд Трафорд

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако сум конкурентен и ако телото ме слуша

Лејкерси го уништија Денвер, не помогна ниту трипл-даблот на Јокиќ