Утрински Весник
Свет

Двајца украински шпиони во Русија осудени на 19 и 25 години затвор

Moskva.webp.webp

Руски суд денеска осуди двајца агенти на украинските специјални служби на 19 и 25 години затвор за шпионажа и подготовка на терористички напад, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Се наведува дека украинскиот државјанин Олег Сергеевич Заболотни, кој е осуден на 25 години, и рускиот државјанин Максим Александрович Волга, осуден на 19 години, биле уапсени во август 2023 година.


ФСБ информира дека Заболотни во 2022 година поминал курс за обука за диверзии и извидување во Харковската област под надзор на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.

Можете да прочитате

Трамп: Можеби ќе преместам војници од Германија во Полска

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден

Асоцијацијата на германски аеродроми предупредува за недостиг од гориво за авиони