Утрински Весник
Свет

Двајца убиени, петмина повредени во пукање во болница во Пенсилванија

20250223101710 Big 730x400 90.webp.webp

Еден полицаец загина, а пет лица се повредени кога маж упадна во болница во градот Јорк, во американската сојузна држава Пенсилванија, отвори оган и зел медицинските работници како заложници, соопштија локалните власти.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачот е идентификуван како Диоген Архангел Ортиз (49) кој бил убиен при интервенција на безбедносните сили, пренесува Си-Ен-Ен.


– Двајцата полицајци кои беа ранети при интервенцијата во моментов се во стабилна состојба. Лекар од интензивна нега, медицинска сестра и чистач се здобија со прострелни рани, а четвртиот вработен е повреден при пад, изјави окружниот обвинител на округот Јорк, Тим Баркер на прес-конференција. 

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран