Утрински Весник
Македонија

Двајца повредени тетовци, се превртеле со четирицикл „кавасаки“ на „Церипашина“

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера во 15 часот и 30 минути во СВР Тетово е пријавено дека во месноста „Церипашина“ на Попова Шапка, четирицикл „кавасаки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот тетовец А.Х., а на кој се превезувала и 41-годишната тетовка Е.Х., изгубил контрола и се превртел, извести СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

– Во несреќата, двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Можете да прочитате

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви

Вооружена пресметка во Арачиново – 24info.mk

Сиљановска Давкова: Мора да добиеме гаранции дека нема да не туркаат да расправаме за идентитетски прашања