Утрински Весник
Економија

Дурмиши: Мерките даваат резултат, цените на основните прехранбени производи се стабилизираат, инфлацијата во март намалена за 1,3% на месечно ниво

Foto1 7.jpg

Инфлацијата во март 2025 година споредено со февруари бележи намалување од -1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објави на Фејсбук министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

“Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи се стабилизираат и се намалуваат. На годишно ниво во март 2025 година споредено со март 2024 година инфлацијата мерена преку трошоците за живот изнесува 2,7%. Континуирано работиме на мерки за подобрување на стандардот на граѓаните и стабилизација на цените“ напиша министерот Дурмиши.


Владата на предлог на Министерството за економија и труд донесе одлука за ограничување на бруто-профитна маржа на 102 групи на основни прехранбени производи, како и Одлука за утврдување на највисоки цени на 8 групи на основни прехранбени производи. Овие две одлуки стапија на сила на 20 февруари и ќе важат до 30 април 2025 година.
Со одлуката за ограничување на бруто профитната маржа во трговија на големо и мало мало на 102 групи на производи или над 1000 перехранбени и непрехранбени производи се опфатени :

5% бруто профитна маржа на основите 8 прехранбени производи млеко,леб, брашно (тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко)
10% бруто профитна маржа на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранби производи (месо и преработки од месо, шеќер,млечни производи, маргарин, путер, конзервирани зеленчук и овошје, грав, ориз, тестенини)
15% бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигена( свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и друго.
Замрзнати беа цените на 8 групи основни прехранбени производи: млеко,леб, брашно (тип 400 и тип 500), јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко.

Целта на овие мерки заштита на стандардот на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизација на инфлацијата

Можете да прочитате

Дурмиши: Мерките на Владата даваат резултати, цените се стабилизираат и се намалуваат

Од полноќ поевтинуваат горивата – 24info.mk

Уште не пристигнале среќни вести од САД, вели Мицкоски за царините