Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Зошто ВЛЕН не се осмелува да го спомене Иван Стоилковиќ

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Соопштение на ДУИ:

И институциите на Европската Унија го осудија глорифицирањето на воениот злосторник Ратко Младиќ, нагласувајќи дека глорифицирањето на лица осудени за воени злосторства е во директна спротивност со европските вредности. Но, очигледно, тоа воопшто не го интересира Иван Стоилковиќ, неговата партија и луѓето од оваа политичка структура, кои продолжуваат да ги глорифицираат и релативизираат најголемите злосторници на минатиот век во Европа, по Втората светска војна.

А наспроти тоа, ВЛЕН не се осмелува ниту да го спомене името на Иван Стоилковиќ. Ова молчење останува тешко прашање за јавноста, особено кога самиот Стоилковиќ изјавил дека претставниците на ВЛЕН треба да внимаваат, бидејќи, според него, два-три пати им „го спасил образот пред јавноста“.

Затоа прашањето е неизбежно: што го поврзува ВЛЕН со Иван Стоилковиќ и зошто немаат храброст да го осудат?

Од формирањето на оваа Влада, Стоилковиќ и неговите политички структури се наградени со значајни државни функции. Функцијата заменик-премиер за имплементација на Охридскиот мировен договор, документ од витално значење за Албанците и другите заедници, му е доверена на политичка структура поврзана со овој политички правец, додека Далибор, близок кадар до Стоилковиќ, е именуван за директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Оттаму започна серија настани и проекти кои предизвикуваат сериозна загриженост за продорот на таканаречениот проект „српски свет“ во Република Северна Македонија.

ВЛЕН, не еднаш, туку повеќепати, не само што молчеше, туку и го бранеше Стоилковиќ: со гласање во Собранието, спречувајќи да поминат иницијативи за неговата одговорност и разрешување; со молчење пред неговите напади, пцовки и навреди кон албанските пратеници; како и преку пропаганда, релативизирајќи, прикривајќи и оправдувајќи ги неговите одлуки и постапки, па дури и остро напаѓајќи ги Албанците кои се спротивставуваат на Стоилковиќ.

Не треба да се заборави дека во овој период беа овозможени случувања кои сведочат за сè поголем продор на структурите и интересите поврзани со проектот „српски свет“ во земјата.

Бевме сведоци на активности и маршеви на српски воени структури, дефилирања и посети на српски министри во Северна Македонија со провокативни изјави дека овие територии се Србија, како и доаѓањето на високи политички фигури како Милорад Додик.

Во енергетскиот сектор, директорот на МЕПСО, кадар на ВЛЕН, склучи договор за проектот на далекуводот со Албанија со компании блиски до Милорад Додик, со што се отвораат сериозни прашања за продорот на ова влијание и во стратешкиот енергетски сектор.

Алта Банка влезе во банкарскиот сектор, МТЛ се појавува како продор во телекомуникацискиот сектор, додека во медиумската сфера е основана српска телевизија во Република Северна Македонија.

Неодамна, Недим Рама, близок до Изет Меџити и раководител во НОМАГАС, потпиша договор со српската страна за проектот за гасификација меѓу Северна Македонија и Србија.

Не е случајност што Европскиот парламент, не еднаш, туку две години по ред, ја истакнува загриженоста дека експоненти на оваа Влада го промовираат и помагаат ширењето на влијанието на „српскиот свет“ во Република Северна Македонија.

Иван Стоилковиќ дури јавно ја нарече Република Косово „Косово и Метохија“, а ВЛЕН не крена ниту глас.

Затоа прашањето до ВЛЕН е едноставно:

Кога ќе побарате разрешување од Владата на Иван Стоилковиќ и неговите функционери, кои го глорифицираат Ратко Младиќ и другите воени злосторници?

Ако кај вас постои барем еден елемент на албанска национална одговорност и посветеност кон европските вредности, тогаш во оваа Влада или треба да бидат отстранети оние кои ги глорифицираат воените злосторници, или треба да си заминете вие.

Но, вие не покажувате храброст ниту за едното, ниту за другото.

Колку подолго молчите, вашето молчење не е неутралност, туку политичка заштита и соодговорност.

Колку побрзо ќе си заминете дома, толку подобро, бидејќи со ова молчење и ова политичко потчинување, го посрамотивте албанското политичко претставување.

Можете да прочитате

Нема докази за обвинение: Зошто беше запрена истрагата за „Мазут“?

ЛДП: Двојни аршини на Владата – за граѓаните експресна казна, а за функционерите простување

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер