Утрински Весник
Македонија

ДУИ: ВМРО ДПМНЕ да се поклони пред спомен кулата во Слупчане

ДУИ: ВМРО ДПМНЕ да се поклони пред спомен кулата во Слупчане

„Наместо секој ден да потонува во анти албански и анти европски сентимент, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи европска Македонија и уставните измени“, соопштуваат од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„Наместо да се грижи за ДУИ, треба да се грижи за Северна Македонија. Наместо Мицкоски да дава насоки на своите градоначалници да не издаваат дозволи за градба и потврди за законска легализација на Албанци, наместо да забранува доделување на работа на албански фирми, да им дозволи на своите пратеници да гласаат по своје убедување“, велат од ДУИ.

„Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на албански јазик. Наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане“, се додава во соопштението на ДУИ

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ