
Соопштение на ДУИ:
На Самитот на НАТО во Турција, Северна Македонија се претставува со делегација без ниту еден претставник Албанец.
Ова е одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор.
Северна Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура изградена врз еднаквост, соодветна застапеност и Охридскиот рамковен договор.
Државните делегации треба да ја одразуваат реалноста на државата, а не да ја избришат.
Исклучувањето на Албанците од највисокото меѓународно претставување испраќа погрешна порака до граѓаните, до сојузниците и до самиот карактер на државата.
Државата не е соодветно претставена кога половина од нејзината реалност е оставена надвор.


