Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Етничката дискриминација нема место во ниту една јавна институција

Dui 1.webp.webp

Интегрален текст од сопштение за јавност на ДУИ:

Демократската унија за интеграција остро реагира на постапките на директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, која спроведува јасна дискриминаторска политика со цел потчинување и исклучување на Албанците од оваа институција.


Вонредниот инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат, инициран врз основа на анонимна претставка со тенденциозна и антиалбанска содржина, не претставува ништо друго освен организиран обид за отстранување на албанските вработени и создавање амбиент во кој тие се третираат како граѓани од втор ред.

Од првиот ден на нејзиниот мандат, Андоновска јасно ја покажува својата намера да го намали присуството на Албанците во оваа институција, започнувајќи со нивно разрешување од раководни позиции, нивно изолирање во посебни канцеларии и нивно нееднакво третирање во организацијата на работата. Оваа исклучувачка политика е неприфатлива и претставува директен напад врз еднаквоста и општествената кохезија.

ДУИ нема да дозволи ваквиот дискриминаторски пристап да помине без реакција и бара од надлежните институции да преземат мерки за запирање на оваа неправда. Етничката дискриминација нема место во ниту една јавна институција, а правата на секој граѓанин мора да се почитуваат без разлика.

Можете да прочитате

На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДС ќе докажат дека уште го штитат

Работен појадок на Муцунски со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија