Демократската унија за интеграција на денешниот состанок го реафирмираше ставот дека е подготвена да ја напушти Владата уште истиот ден кога ќе стапат на сила уставните измени, ако тоа е услов за поддршка од ВМРО-ДПМНЕ при гласањето.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи кажа дека ако не поминат измените во Уставот, државата би пропуштила историска шанса која нема да се повтори во следните 20 години.
Партијата по состанокот на раководството повика и на почеток на ветинг на сите политички партии од претседатели до последен партиски функционер за, како што велат, да се стави крај на борбата против корупцијата.
ВМРО-ДПМНЕ претходно изрази подготвеност да гласа за уставни измени, ако по нивното усвојување биде формирана преодна влада во која нема да биде ДУИ, но едно од опозициските барања, каде што се разидуваат со интегративците, беше уставните измени да стапат во сила во моментот кога Македонија ќе влезе во ЕУ, а не веднаш по гласањето.