Утрински Весник
Спорт

Дуелот со ПСВ го одложи дербито Арсенал-Манчестер сити

Дуелот со ПСВ го одложи дербито Арсенал-Манчестер сити

Дуелот помеѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен во Лигата на Европа, кој требаше да се одигра утре, е одложен за 20 октомври. УЕФА потврди дека натпреварот е одложен.

dobivaj vesti na viber

Одлуката ќе предизвика и нови поместувања во распоредот на Премиер лигата, кој веќе беше нарушен поради одложувањето на колото минатата недела поради смртта на кралицата Елизабета.

На 19 октомври Арсенал требаше да одигра натпревар против Манчестер сити, но сега тој натпревар е одложен и сè уште не се знае кога ќе се одигра.

Премиер лигата продолжува в петок, а веќе е најавено одложување на три натпревари од осмото коло: Брајтон – Кристал Палас, Манчестер јунајтед – Лидс и Челзи – Ливерпул.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи