Утрински Весник
Магазин

Дубаи првиот град со летачко такси до 2026 година

Jobyreveal sep2020.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Обединетите Арапски Емирати вчера потпишаа договор за првата услуга за летачко такси до 2026 година. Дубаи, на тој начин, ќе стане првиот град во светот којшто ќе нуди комерцијално електрично летачко такси, се вели во соопштението од властите.

Државната новинската агенција на Емиратите објави на платформата „X“ дека „Џоби евиејшн С-4“ (Joby Aviation S4) ќе може да прими пилот и четворица патници. Предност е и нултата емисија на издувни гасови.

Таксито, со максимален опсег на лет од 161 километар и максимална брзина од 320 километри на час, ќе биде достапно во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, центарот на градот и неколку други битни точки во градот. Времето на патување меѓу аеродромот и Палм Џумеира, на пр., коешто со автомобил трае 45 минути, ќе се намали на 10 минути со летачко такси.

Можете да прочитате

Блокадата на Регионалниот парламент на Брисел инспирација за нова видеоигра

Мајстори на пасивна агресија: Нема да ви кажат што ги мачи, но ќе се погрижат да го почувствувате тоа

Што го „плаши“ ChatGPT кај луѓето? Одговорот е застрашувачки прецизен